|
На 18.04.2006, во рамките на 129-та седница на Собранието на Република Македонија, беа усвоени “Националната програма за развој на образованието 2005-2015“ и следните придружни програмски документи:
- Програма за развој на предучилишното образование;
- Програма за развој на основното образование;
- Програма за развој на средното и на постсредното образование;
- Програма за развој на високото образование;
- Програма за развој на ИКТ во образованието;
- Програма за професионален развој на училишниот кадар;
- Програма за развој на институционалната поддршка на реформите во образованието;
- Програма за обезбедување и контрола на квалитетот во образованието;
- Европско јазично портфолио.
Врз Националната програма и придружните програмски документи за развој на образованието во Република Македонија, работеа седумдесетина независни експерти и претставници од Министерството за образование и наука.
Финалната верзија на документите беше обликувана во рамките на повеќемесечна јавна расправа во којашто зедоа учество релевантни субјекти од областа на образованието, како и сите заинтересирани македонски граѓани.
Проектот за креирање Национална програма за развој на образованието во Република Македонија, беше финансиски поддржан од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. (www.soros.org.mk)
|