Национална
експертска група (НЕГ) за изготвување на Национална програма
за развој на образованието
Националната експертска група за изготвување на Националната
програма за развој на образованието е конституирана во март 2004г. Составена
е од 14 членови, независни образовни експерти кои се активно вклучени во образовните процеси во Република Македонија,
како и
претставници од Министерството за образование и наука.
Главната задача на Националната експертска група е да
го изготви нацртот и финалната верзија на Националната програма
за развој на образованието во Република Македонија. Членовите
на експертската група работат поделени во работни групи што
ги покриваат сите степени и сегменти од сферата на образованието.
Претседател на Националната експертска група е заменик-министерот
за образование и наука на Република Македонија, д-р Тале Герамитчиоски.
Членови на Националната експертска група се:
|